Превентива 99: лекуваме со грижа, водиме со иновација!

intervju-preventiva-simona

Продолжуваме со извонредни одговори од врвни специјалисти. Дознајте ги револуционерните нови третмани во физикалната медицина и рехабилитацијата во нашето ексклузивно интервју со спец. д-р Симона Ристовска од Превентива 99. Откријте како индивидуализираниот пристап и континуираната едукација прават разлика во животите на пациентите. Дознајте повеќе за предизвиците, успесите и идните насоки на оваа динамична област директно од искусен професионалец.

Преставување на ординацијата

  1. Како сопственик и менаџер на Превентива 99, какви уникатни третмани нуди Вашата ординација во областа на физикалната медицина и рехабилитацијата?

Започнавме како водечка установа за лекување на дискус хернија со помош на спинална декомпресиона терапија.

Движејќи се со трендовите во медицината ги имаме најновите светски апарати за лекување на мускулно-скелетни состојби како TECAR, супер индуктивен магнет, Shockwave терапија, електротерапија, магнетотерапија, парафинотерапија, роботска рехабилитација кај невролошки состојби после мозочен удар, МС, Паркинсон итн., интра-артикуларни инјекции ПРП, стероиди, хијалуронска киселина, геникуларни инјекции, ботокс за намалување на спастицитет, супериндуктивен магнет за намалување на спастицитет, ехо на мускулно-скелетен систем

Грижа за пациентите

  1. Можете ли да го опишете Вашиот пристап кон грижата за пациентите и како ги приспособувате третманите на индивидуалните потреби?

Пред сѐ започнува со анамнезата на пациентот, задолжително се прегледуваат радиолошките наоди кои сама си ги интерпретирам, самостојно или во консултација со искусни професори. Од таму после клиничкиот преглед се решава видот на терапијата во зависност од клиничкиот преглед и состојбата на пациентот. Се прават контроли на 5 дена за да може да се направи корекција ако е потребна и се следи напредокот во рехабилитацијата. Кај руптури, тендинопатии, бурзити, калцификати после одреден број на терапии се прави контролно ехо за да се реши текот на лекувањето.

Обуки и сертификати

  1. Со Вашата обемна листа на обуки и сертификати, која сметате дека е највредна во Вашата секојдневна пракса и зошто?

Би ја издвоила обуката за ехо дијагностика бидејќи од неа се подобри квалитетот на лекување на пациентите и ми овозможи подобро лекување, следење на здравствената состојба и секако подобро лекување односно инјекциите, бидејќи ги аплицирам инјекциите водени од ултразвук (ехо) со што се избегнува ризикот за повреди, но и се намалува неуспешноста при нивно изведување. Исто така може да се наведе работилницата за апликацијата на ботокс на светскиот конгрес за физикална медицина и рехабилитација во 2018 година.

Предизвици во рехабилитацијата

  1. Кои се некои од најголемите предизвици со кои се соочувате во физикалната медицина и рехабилитација и како ги надминувате?

Најголемиот предизвик сметам дека е невро-рехабилитацијата бидејќи бара
мултидисциплинарен пристап, совладување на спастицитет, но и многу упорност и од пациентот и наша упорност.

Успешни приказни

  1. Може ли да споделите особено значајно искуство или успешна приказна од Вашата пракса?

Пациентка со дискус хернија која пред да дојде во нашата ординација не можеше да спие навечер од болки, не можеше да стапне на нога, имаше примено повеќе од 30 инјекции не одеше на работа 1 месец, после 2 месеци трчаше маратон по завршената терапија со декомпресија и физикална.

Потекло и образование

  1. Дали би можеле да го споделите со нас Вашето патување во медицината, почнувајќи од Вашето образование на Медицинскиот универзитет во Плевен до специјализацијата по физикална медицина и рехабилитација во Скопје?

Првите мои чекори во медицината се во средното медицинско училиште Др. Панче Караѓозов во насока медицински лаборантски техничар, што ме упати во медицината и ми даде основа за понатамошното образование, за што сум исклучително благодарна.

Изборот за студирање го направивме со моите родители зашто се одлучивме за Бугарија, поточно за МУ Плевен. После долго разгледување на различни медицински универзитети се одлучивме за МУ Плевен како прв универзитет во Р. Бугарија кој има и предавања на англиски, но е и 5-ти универзитет во светот кој имаше Да Винчи роботска хирургија и телекомуникациски центар.

Избор на специјализација

  1. Што Ве инспирираше да специјализирате физикална медицина и рехабилитација?

Изборот на специјализација беше однапред одреден бидејќи Превентива 99 е ординација по физикална медицина и рехабилитација и секое слободно време и најчесто летно време доаѓав да помагам и да се учам во ординацијата.

Предностите на физикалната медицина е што има многу широко поле за работа. Од дијагностика до лекување на различни состојби од мускулно-скелетни болести, постоперативна рехабилитација, рехабилитација кај изгореници, рехабилитација кај ревматолошки состојби, педијатриска рехабилитација како и геријатриска рехабилитација, рехабилитација кај невролошки состојби кое по мое мислење е најголем предизвик за рехабилитација.

Една од предностите е што не е хируршка гранка не бара дежурства и сепак докторот покрај што е доктор може да поминува и време со семејството.

Континуирана едукација

  1. Како останувате во тек со најновите достигнувања во физикалната медицина и како овие достигнувања влијаат на Вашата пракса?

Само следејќи ги сите новитети од апарати до едукации за докторите да можат да бидат во тек со новитетите во медицината.

Јас бев и на MEDICA NOVA 2023 во Диселдорф каде што се запознав со сите медицински апарати во медицината како цело, поточно во рехабилитацијата и затоа се одлучивме оваа година да ги збогатиме нашите услуги со нови апарати.

Континуираната медицинска едукација е најважното нешто, секоја година учествуваме и присуствуваме на европски и светски конгреси за рехабилитација или мускулно-скелетни болести. Со цел подобрување на квалитетот на знаење и подобрување на услугите кои нашите пациенти ги добиваат. И од тоа можам да стигнам до изводот дека нашите пациенти во ПЗУ Превентива 99 ги добиваат медицинските услуги на светско ниво, не разликувајќи се од останатите држави во светот.

Баш минатата недела ПЗУ Превентива беше домаќин на masterclass за апликација на ПРП во долни екстремитети водени од ултразвук.

Докторски студии

  1. Неодамна се запишавте на докторски студии. Можете ли да ни кажете повеќе за Вашиот фокус на истражување и како тој се усогласува со Вашата клиничка пракса?

Точно, причина за докторските студии произлезе од клиничката пракса и можноста да ги споредиме различните модалитети кај различните пациенти.

Иднина на физикалната медицина

  1. Како сметате дека ќе се развива полето на физикална медицина и рехабилитација во следната деценија, и каква улога се надевате да играте во неа?

Со стареење на населението се соочуваме со низа на дегенеративни болести кои не само што предизвикуваат болки туку и ја намалуваат мобилноста (подвижноста) кое доведува до нови болести како саркопенијата, остеопороза итн. Ние како физијатри сме должни да обезбедиме обезболување на пациентите и зголемување на квалитетот на животот.

Но поради седечкиот начин и брзото темпо на живот имаме и млади пациенти кои се во работоспособна возраст, но не можат да ги искористат целосните потенцијали поради хроничната болка. Со напредокот во медицината може да им овозможиме на пациентите не само подолг, но и поквалитетен живот да може да уживаат во убавините на животот без болка. Се надеваме нашата улога како една установа која ги прати трендовите и новитетите на медицината се надеваме да останеме и во иднина такви и да овозможиме подобри здравствени услуги на пациентите.

Слични статии

  1. Ексклузивно интервју со сопствениците на Поликлиника Манолеви
  2. Разговор со ас. д-р Димитар Калчовски на тема гинекологија, акушерство, генетика и…
  3. Интервју со д-р спец. Рашела Петковска, ПЗУ Дентиција
  4. Интервју Радица Грубовиќ
  5. Интервју Јасмина Калчовска

Tags/Keywords: физикална медицина, рехабилитација, Превентива 99, медицински третмани, грижа за пациенти, напредок во медицината, успешни приказни, медицинско образование

Категории
Архиви