Кои се 5 основни столбови на здравствениот маркетинг?
Што е здравствен маркетинг?
Здравствениот маркетинг е процес преку кој здравствените организации користат сопствената содржина за да привлечат потенцијални пациенти, да понудат здравствени услуги и да одржуваат блиски односи со заедницата за да го унапредат својот бизнис.
Важно е да се разбере дека здравствениот маркетинг е лавиринт на ризици, победи, порази, грешки и прилагодувања.
За среќа, Модерм може да Ви помогне во Вашата цел да го развиете Вашиот бизнис со успешен здравствен маркетинг.
Како да креирате солиден здравствен маркетинг план?
Здравствениот маркетинг има 5 основни столбови:
- Здравствени работници
- Пациенти
- Осигурителни компании
- Креатори на политики
- Маркетинг професионалци
Ако постојано ги имате овие 5 на ум, ќе стекнете темелно разбирање за тоа како функционира Вашиот бизнис и солидна основа на содржини кои може да ги користите за да ја развиете Вашата здравствена маркетинг стратегија.
Здравствени работници
Здравствените работници длабоко се грижат за благосостојбата на своите пациенти, па затоа за нив е најважно да можат да ја вршат својата работа најдобро што знаат и умеат. Поддршката на талентот, напорната работа и интуицијата на здравствените работници ќе ги подобри нивните перформанси и ќе овозможи повеќе позитивни содржини кои би се искористиле за промовирање на бизнисот. Треба да се потенцира дека самиот здравствен бизнис ги создава теориите, додека здравствените работници преземаат практични активности.
Исто така е важно да се знае дека некои здравствени работници се борат со задоволството од работата затоа што немаат автономија и влијание. Ова им отежнува да одлучуваат за најефективните опции за нега на нивните пациенти. Се разбира, не секој здравствен работник се бори со ова, но важно е да се внимава на оние кои се борат со тоа. Консултирајте се со здравствените работници и послушајте ги нивните грижи, стандарди и идеи за да им ја олесните работата која ги исполнува. Овој вид на поддршка што треба да им се пружи на здравствените работници се однесува и на здравствените администратори.
Настрана од самите третмани, пациентите најмногу ќе ги паметат здравствените работници и веројатно ќе пишуваат детални критики токму за нив. Сакате да ги ангажирате најдобрите даватели на здравствена услуги што можете и да бидете сигурни дека тие ги поддржуваат вредностите на Вашата здравствена пракса. Прашајте ги пациентите за искуството со нивниот здравствен работник и сериозно земете го во предвид нивниот придонес. Кога здравствените работници ќе ги исполнат очекувањата на институцијата, промовирајте ги за да привлечат потенцијални пациенти.
Пациенти
Пациентите играат важна улога во тоа како јавноста ја перципира не само Вашата здравствена пракса, туку и здравството воопшто. Ова е клучна помош при управувањето со репутацијата на која било здравствена институција. Благодарение на тоа што на располагање го имаат интернетот, пациентите се повеќе информирани за нивните состојби и грижи и имаат посилен глас во нивното патување низ системот за здравствена заштита, така што поддршката со препорака на висококвалитетна нега за нив е од витално значење за градење на најдобрата репутација.
Задоволството на пациентите води до позитивни критики, што може да резултира со нови упати. Негативните критики го прават спротивното. Објавите од уста на уста и социјалните медиуми од претходни до потенцијални пациенти се случуваат брзо и често. Важно е Вашиот бизнис сериозно да го сфати искуството на пациентот и да го користи за да открие што треба да се подобри и што треба да продолжи онака како што е. Соодветно ажурирајте ги маркетинг кампањите и дознајте како да ги приближите до Вашата целна публика.
Кога сме веќе овде, навистина стапете во контакт со Вашата целна публика. На која демографија се обидувате да помогнете? За кои од нив треба да научите како подобро да им помогнете? Потпирањето на достапноста може да помогне во собирањето податоци за поддршка на Вашите напори за здравствен маркетинг кон потенцијалните пациенти од Вашиот целен пазар и задржувањето на довербата што сте ја изградиле со претходните пациенти.
Осигурителни компании
Македонија е држава со национален (задолжителен или солидарен) систем за здравствено осигурување. Сепак, сѐ поголем е делот од здравствените издатоци кои се надоместуваат од сопствениот џеб на граѓаните, вклучително и користењето услуги од приватните здравствени установи, кои не се покриени од страна на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Ретки се осигурениците на ФЗО кои не платиле целосна цена за користење специјалистички услуги во приватниот сектор.
Пазарот за здравствено осигурување е обременет со многу слабости што придонесуваат за сериозно нарушување на пазарните законитости во областа на здравството, со далекусежни негативни последици.
Законот за доброволно здравствено осигурување беше донесен во 2012 година и со него се овозможи друштвата за осигурување да го спроведуваат преку нудење на пакети за: 1. дополнително или 2. приватно здравствено осигурување.
Прочитајте повеќе во наша претходна статија на темава: https://moderm.mk/mk/zdravstveno-osiguruvanje/
Креатори на политики
Креаторите на здравствени политики се главните субјекти за кои треба да бидеме свесни, бидејќи должностите кои ги извршуваат имаат толку голем значај. Тие се грижат Вие и Вашите колеги на пазарот да ги почитувате важните закони и прописи. Тие, исто така, ги соопштуваат сите промени и ажурирања на актуелните здравствени политики, се уверуваат дека услугите што ги продавате се специфични и релевантни и Ви укажуваат како да напишете содржина што е интересна за потенцијалните пациенти.
Важно е да бидете синхронизирани со креаторите на политиките, да бидете сигурни дека ги разбирате најновите политики, да ги известувате луѓето за нив и да ги почитувате. На пример, Светското здравствено собрание ги одреди политиките до кои мораше да се придржува Светската здравствена организација (СЗО) кога светот се соочи со екстремна здравствена и безбедносна криза, како што беше глобалната пандемија.
Професионалци
Експертите за здравствен маркетинг се исто така витален столб во темелот на здравствениот маркетинг. Нивната одговорност е на потенцијалните пациенти, кои сигурно ја прегледале веб-страницата на здравствената установа, да им пласираат ветувања што може да се одржат, врз основа на сите аспекти од искуствата на претходни пациенти.
Професионалците имаат широк опсег на должности кога станува збор за маркетинг на искуството од пациентите, бидејќи тие се грижат за различни елементи кои придонесуваат за работа на здравствените институции. Тие работат за евалуации, иновации, одлучување, пристапност, итн. Тие напорно работат за да се осигурат дека секој елемент од искуството на пациентот е задоволителен, вклучувајќи ги закажувањето и начините за плаќање. Ако овие обврски се извршуваат добро, здравствениот бизнис или систем сигурно ќе напредува.