Моември

Нарушеното ментално здравје ги засега мажите и момчињата ширум светот и им попречува во потполност да уживаат во своите животи. Дополнително, премногу мажи се обидуваат да останат ‘силни’ и да одржат ‘контрола’, мислејќи дека барањето помош е покажување слабост и поради тоа недоволно мажествено.

Поврзувањето со пријателите и семејството помага да се заштитат мажите од последиците на нарушено ментално здравје, вклучително и самоубиство, секогаш кога ќе настапат тешки времиња, а поголем дел од мажите не можат или не сакаат да ги споделат своите проблеми. Ова придонесува за висока стапка на самоубиство меѓу мажите, така што приближно ¾ од сите самоубиства се мажи.

Овој ноември, ајде заеднички да им дадеме на мажите и момчињата подобра прилика за посреќни, поздрави и подолги животи.


ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВРЗ МАШКОТО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

Пандемијата имаше многу поголем удар врз менталното и општото машко здравје отколку што во моментов сме подготвени да признаеме.

77% од мажите изјавуваат дека се изложени на поголем стрес, а 59% од нив пријавуваат дека се чувствуваат осамени и изолирани.

45% од мажите велат дека нивното емотивно и ментално здравје е нарушено во тек на овој тежок период.

Несигурноста на ‘новата нормалност’ имаше значајно влијание врз машкото ментално здравје.

Ако ги прашате мажите да ги наведат нивните здравствени приоритети и главни причини за грижа, на прво место ќе ги наведат економската состојба и благосостојбата на нивните семејства, па дури потоа сопственото здравје. Мажите се грижат за своето здравје само доколку тоа го засега нивниот придонес во семејството и локалната заедница.

Дополнително, работењето од дома и карантинот се неприфатливи за повеќето мажи. Изолацијата од за мажите важни аспекти на социјалниот живот, како што се колегите од работа, пријателите и поширокото семејство исто така придонесува за чувство на осаменост, кое е добро познат фактор кој негативно влијае како врз менталното, така и врз физичкото здравје.


КАКО ЌЕ ПОБЕДИМЕ ВО БИТКАТА?

1. Образование

Заеднички да им помогнеме на мажите и момчињата да останат ментално здрави, да изградат силни социјални врски и да преземат соодветни дејства кога ќе настапат тешки времиња.

2. Разговори со смисла

Заеднички да работиме за унапредување на светот така што на мажите и момчињата ќе им биде удобно да разговараат за големите нешта во животот.

3. Услуги наменети за мажите

Да ги спознаеме машките потреби и заеднички да работиме за создавање и пружање такви услуги кои ќе ги задоволат тие потреби.

4. Умни глави, сите заедно

Ако откриеме дека нешто функционира, да го споделиме со сите.

5. Заедницата на прво место

Мажите треба да имаат пристап до поддршка во нивните локални заедници и секаде каде се чувствуваат пријатно.

6. Борба за правата на сите мажи

Да ги поттикнеме законодавците да ги разберат проблемите со кои се соочуваат мажите и да преземат соодветни дејства.

Категории
Архиви