Најпопуларните суплементи во 2020

Се сеќавате на времето кога луѓето не ставаа капка MCT масло во утринско кафе или лажичка протеин од сурутка во смути – да не зборуваме за дневниот мултивитамин?

Деновиве додатоците на исхраната се практично секојдневие и секоја година се чини дека излегува некој нов за кој се зборува насекаде.

Во 2019 година трендот беше сѐ што е поврзано со CBD тинктури, намалување на вознемиреноста, колаген и турмерик. Најпопуларните додатоци на исхраната оваа година се уште поинтересни – но секогаш консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да почнете да ги консумирате.


Коскена срцевина

Популарноста на додатоците на исхрана со коскена срцевина расте, затоа што бенефитот од нивната употреба значи убава кожа и намалување на болка во зглобовите. Состојките колаген и глукозамин се идеални за еластична кожа и смирување на воспалението, а воедно е поприродно, холистично решение во споредба со монопрепаратите со колаген или глукозамин.

Берберин

Берберинот е состојка од алкалоидната група која природно се наоѓа и се изолира од многу различни растенија. Со векови традиционално се користела во кинеската медицина за третман на многу здравствени состојби, а делува на ист начин како и фармацевтските лекови така што го регулира функционирањето на клетката од внатре. Берберинот конкретно се користи за поддршка на кардиоваскуларното здравје, против воспаление и нормализирање на цревната флора.

Шафран

Покрај турмерик, уште една жолта билка е многу популарна во 2020. Користењето на шафранот за медицински цели вклучува широк спектар на употреба, како што е подобрување на расположението, зголемување на енергијата и регулирање на метаболизмот.

Ноотропици

Популарноста на цитиколин и алфа GPC расте. Во природен облик, цитиколин е хемикалија која нормално се наоѓа во телото и се произведува во мозокот. Примарно се употребува за превенција на когнитивното опаѓање, воглавном меморијата. Корисен е за глауком и опоравување после мозочен удар. АлфаGPC е исто така хемикалија која природно се наоѓа во билки, воглавном соја, како маслено-киселински нуспродукт. Се покажало дека е ефикасен за третман на многу когнитивни нарушувања, од меморија и учење до деменција и Алцхајмер. Исто како цитиколин, може да биде од помош за опоравување после мозочен удар.

Пептиди

Ова се anti-age додатоци на исхраната со широк спектар на бенефити за телото. Нивните најчести ефекти се смирување на воспалението, подобрување на имунитетот, намалување на крвниот притисок и превенција од тромбоза – а воедно се природни антимикробни средства и делуваат како антиоксиданси. Најчесно употребуваниот пептид е секако колагенот, но 2020 до сега ветува поголема разновидност во облик на додатоци на исхраната.

Колаген

Како есенцијална структурна компонента на телото, колагенот се наоѓа во сврзните ткива, кожата, коските, ‘рскавиците, лигаментите, косата и крвните садови. Како додаток на исхраната, колагенот се добива од риби, лушпи од јајце или други извори од животинско потекло. Колагенот вообичаено се користи при состојби кои вклучуваат болки во зглобовите и како поддршка на кожното здравје. Веќе беше еден од трите најпродавани додатоци на исхраната во 2019.

Медицински габи

Медицинските габи се хранливи печурки со терапевтски ефект. Иако постојат голем број видови, реиши и кордицепс се очекува дека ќе бидат двата најбрзо растечки додатоци на исхраната во годините што следат. Покрај традиционалните облици како што се капсули и течни тинктури, печурките веќе може да се произведуваат и како функционална храна и напитоци, па дури и во козметичката индустрија поради нивниот anti-age и хидратантен ефект.

Триглицериди со средно долги синџири

Триглицериди со средно долги синџири (medium-chain triglycerides, MCT)

Растот на MCT во 2019 година беше речиси 80%. Се добиваат од кокосово или палмино масло и претставуваат еден вид на масна киселина која може да придонесе за намалување на телесната тежина и смирување на воспалението. MCT исто така можат да се користат со егзогени кетони како поддршка на кето диетите.

Пребиотици

Како вид на хранителни влакна, пребиотиците се дефинираат како несварливи состојки кои, иако се метаболираат од страна на корисните бактерии во цревата, го модулираат составот и/или активноста на цревниот микробиом, со што остваруваат поволен физиолошки ефект врз организмот домаќин. Најпознати пребиотици се инулин, фруктоолигосахариди (FOS), галактоолигосахариди (GOS), и бета-глуканите. Продажбата на пребиотиците се дуплира секоја година, започнување од 2016. Догодина, вкупната продажба на пребиотици и синбиотици (комбинација на пребиотик и пробиотик) се очекува да надмине 1 милијарда долари.

Семки од лубеница

Семките од лубеница се ниско-калорични, а содржат широк спектар на микронутриенти како што се бакар, цинк, калиум, магнезиум, железо и фолна киселина. Исто така се богати со амино киселини, протеини и Б комплекс витамини. Се поврзуваат со имунитет и подобро здравје, а магнезиумот може да придонесе за регулирање на крвниот притисок и срцевото здравје. Маслото од семки на лубеница се користи во козметичката индустрија за третман на раните знаци за стареење. Полни со антиоксиданси, овие семки ја одржуваат кожата помлада и поради присуството на масни киселини.

Моринга

Прашокот моринга потекнува од листовите на моринга, дрво кое расте во Африка и Азија. Ова е едно од најхранливите растенија на светот. Има вкус на зелен спанаќ и често се наоѓа во зелени мешавини и смутија. Моринга содржи 25% растителен протеин кој вклучува 9 есенцијални амино киселини, богат е со растителни влакна и е добар извор на витамините К, Е, А и калциум. Бидејќи морингата е природен извор за овие нутриенти, тие се високо биодостапни и нашите тела лесно ги апсорбираат во споредба со синтетичките суплементи. Моринга е идеална за вегани на кои им недостасува железо во исхраната, така што го намалува заморот и малаксаноста. Најпосле, моринга е една од храните со најголема концентрација на антиоксиданси.

Сладунец

Кај нас најпознат како чај, а во светот како десерт, сладунецот има сѐ поширока здравствена примена. DGL (деглициризиран екстракт од сладунец) се смета дека ќе биде следниот тренд за одржување на доброто цревно здравје оваа и следните години. Овој додаток на исхраната не содржи глициризин, затоа што во спротивно ќе има несакани ефекти во смисла на покачен крвен притисок. Сладунецот е моќен антидот против бактеријата H. pylori, која може да предизвика чир и гастрит. Исто така може да помогне за лекување на веќе постоечките чиреви, бидејќи му помага на телото да произведе муцин, гликопротеин кој ја обложува внатрешноста на желудникот и ја смирува киселината и мачнината.

Дигестивни ензими

Овој тренд расте и ќе продолжи да расте, поради продолжениот век на живеење и зголемената јавна свесност за дигестивни нарушувања. Иако нашите тела природно произведуваат дигестивни ензими постојано, се чини дека тоа веќе не е доволно. Речиси 1/3 од населението страда од некој облик на подуеност, дијареа, констипација или воспалителна болест на дебелото црево и за нив дигестивните ензими се од витално значење. Она што е добро кај овие додатоци на исхраната е дека може да се таргетира видот на храна со кој имате потешкотии при варењето, па така липазите ги разложуваат мастите, протеазите се добри за протеините и амилазите се добри за скробови и шеќери. На овој начин се следи и трендот за персонализирани додатоци на исхраната, кој допрва ќе станува уште поинтересен.

Хијалуронска киселина 

Традиционално се користи во козметиката и како филер, но во 2020 започна нејзината поинтензивна употреба и во облик на гел, односно капсула. Хијалуронската киселина природно се наоѓа во човечкото тело и делува како лубрикант, одржувајќи ги ткивата влажни, а кожата полна. Како што старееме и сме сѐ почесто изложени на загадувања од околината, нејзиниот ефект се намалува и овде настапуваат додатоците на исхраната. Покрај нејзиниот придонес за убавината се мисли дека хијалуронската киселина исто така може да придонесе за побрзо и подобро зараснување на раните, смирување на болките во зглобови и одржување на коскеното здравје. Проектираниот вкупен годишен раст во интервалот 2019 – 2024 за оваа состојка е 9.8%, најмногу поради паралелниот тренд на т.н. нутрикозметика (cosmeceuticals).

Астаксантин

Интересот за астаксантин доживеа експлозија во 2020 година и се очекува дека ќе продолжи, најмногу поради истовремените ефекти врз убавината и здравјето, како и докажаното потекло на суровината. Астаксантинот се добива од микроалги, ракчиња и лосос, од каде потекнува неговата природно розова боја. Благодарение на неговите антиоксидантни својства, тој се користи како поддршка во борбата против рак, за подобра циркулација и заштита од срцеви болести.

Антиоксиданси (конкретно витамин Е)

Црното семе е моментално најголемиот тренд кај антиоксидансите. Но, се очекува враќање на голема врата на витаминот Е, можеби уште во текот на оваа 2020 година.


За крај, ги прашавме најпознатите светски contract manufacturers (производители по договор) за нивното мислење во врска со трендовите во индустријата со додатоци на исхраната, па еве ги нивните мислења на кратко, без да наведуваме имиња:

– Колагенот беше врв во 2019 и тој тренд ќе продолжи, а исто така се бара и протеински прашок без вкус;

– Колаген во сите дозажни облици;

– Адаптогени и ноотропици;

– Колаген, турмерик, CBD, витамин Д, биотин, есенцијални масла;

– Нови фармацевтски дозажни облици, на пример таблети со Aquarius TiO2 Free обложување без титаниум диоксид;

– Вегански формули за мускулна маса;

– Морски производи, на пример фитопланктон, како и супероксид дисмутаза (SOD), силен антиоксидативен ензим кој штити од оксидативен стрес за време на вежбање -Раст на тип II неденатуриран колаген за зглобови и мобилност воопшто;

– Иновативни комбинации, на пример омега-3 и пробиотици.

Светски тренд кој во моментов расте се персонализирани пакети на додатоци во исхраната, според индивидуалните потреби на секој пациент.

https://www.facebook.com/PersonaNutrition/videos/294863601764550/

Автор: Др. Стојан Николиќ, MD

Категории
Архиви