Позитивни практики на зголемување на цена за општо добро.
Германското претставништво на компанијата Thomson Reuters (Томсон Ројтерс) изјави дека на ден 23.03.2023, германското Министерство за здравство вети дека ќе го промени и поправи недостигот на лекови (антибиотици) за деца кои страдаат од рак.
Како прва стапка за промена, беше предложено да се зголемат цените на одредени лекови, да се зголемат залихите на лекови и да се создаде систем за алармирање кога одредени залихи на лекови се трошат. Предложениот закон за најголемиот пазар на лекови во Европа беше даден на проверка во Томсон Ројтерс за да се даде консултација која што подоцна треба да биде подложена на парламентарно гласање.
Додека земјите ширум светот пријавуваат недостиг на лекови кои помагаат при инфекции на респираторните органи, проблемот во Европа е сè уште акутен. Бидејќи цените на генериките се регулирани, многу европски производители на лекови се плашат да ги прошират своите капацитети во период кога војната во Украина предизвика зголемување на цената на трошоците за енергија.
Континуираниот ценовен притисок врз производителите на генерички лекови кои веќе ја изгубиле заштитата на патентот доведува до момент каде што европските здравствени системи се принудени да зависат од компании кои увезуваат лекови и суплементи по пониски цени, најчесто од Кина или Индија.
Дел од предлог-законот наведува дека цените за лекови кои се наменети за деца до 12 години, како и одредени антибиотици и лекови кои се наменети да помогнат при појава на рак, можат да се зголемат максимално за 50%. Законот исто така налага одредби дека тендерите организирани од германските здравствени осигурителни компании за договори за набавка на тие лекови и антибиотици за рак да се доделуваат на европските производители за најмалку половина од обемот на тендерот.
Од друга страна, производителите на лекови и аптеките кои се наоѓаат во склоп со болници, би морале да чуваат поголеми залихи на одредени призводи со цел да се заштитат од недостиг.
Германското здружени на фармацевтски компании БАХ се изнесе дека го поддржува притисокот на Министерството за здравство, но изјави дека фокусот е ставен само на одредени области, додека целокупниот факт е дека компаниите прават набавки на евтини лекови кои не гарантираат безбедност при испорака. “Во целокупниот процес недостасува сеопфатен преглед на тендерскиот систем кога станува збор за договори за попуст” – се вели во соопштението.
Од Министерството за здравство сè уште нема официјално известување и одбиваат да коментираат на оваа тема. Во последниве месеци, Германија наиде на недостиг на течности за намалување на температурата за деца, антибиотици и најчесто користениот лек за рак на дојка, тамоксифен, според националниот регулатор за лекови.