Вакцинација

Со воведувањето на вакцинацијата како мерка за заштита на населението од заразни болести постигнати се најдобрите резултати во историјата на медицината. Бројни заразни болести се искоренети во светски рамки, голем број од нив се елиминирани, а голем број на заразни болести се ставени под контрола, при што само во одредени реони во светот се регистрираат поединечни случаи.

· Во 1885 година Луј Пастер ја открива вакцината против беснило;

· Во 1900 година откриена е вакцина против дифтерија и тетанус;

· Во 1927 година откриена е вакцината против туберкулоза;

· Во 1955 година откриена е вакцината против детска парализа;

· Во 1960 година откриена е вакцината против морбили и заушки;

Вакцинацијата штити од болест, инвалидност и смртност. Таа е една од најисплатливите јавно здравствени мерки. Целта на вакцинацијата е да ја заштити единката и заедницата од заболувања кои можат да се спречат со вакцини.

Во светски рамки годишно умираат околу 10 милиони деца под 5 години. Една четвртина од нив се деца кои умираат од болести кои може да се превенираат со вакцина, а 1,4 милиони деца се под 5 годишна возраст. Токму затоа една од милениумските цели е намалување на смртноста на децата под 5 годишна возраст за две третини до 2020 година.

Кај нас, со активна имунизација се започнува кон средината на минатиот век и со текот на времето бројот на болестите кои се превенираат со вакцинација сѐ повеќе се зголемува.

Првата вакцинација кај нас е воведена во 1948 година со воведување на вакцинација против туберкулоза. Оттогаш наваму се воведени вакцини против многу заразни заболувања. Република Македонија ги следи препораките на Светската здравствена организација и во последните години воведе нови вакцини и тоа, вакцина против Хепатитис Б во 2004 година, вакцина против Хемофилус инфлуенца тип Б во 2008 година, како и вакцина против ХуманПапилома Вируси во 2009 година. Опфатот со вакцинација перманентно се подобрува, со што нашата држава се вбројува меѓу државите кои имаат висок опфат со имунизација.

Согласно важечкиот календар за имунизација континуиранa задолжителна имунизација се спроведува против следните болести: вирусна жолтица Б (Hepatitis B), туберкулоза (Tuberculosis), заболувања предизвикани од хемофилус инфлуенца тип Б (Хиб), дифтерија (Diphteria), тетанус (tetanus), голема кашлица (Pertusis), детска парализа (Poliomyelitis acuta), мали сипаници (Morbilli), заушки (Parotitis) и црвенка (Rubeolа) и заболувања предизвикани од хуман папилома вируси (ХПВ) за сите лица на одредена возраст, според календарот за имунизација и годишната Програма за имунизација. Вакцинацијата е бесплатна за сите лица од 0-18 години без разлика на здравственото осигурување.

Бенефити од вакцинацијата:

· Создава отпорност на организмот кон заболувањата;

· Го спречува ризикот од заболување

· Го спречува ризикот од заболување;њето;;

· Спречува инвалидитет и други последици;

· Допринесува до колективен имунитет;

· Спречува појава на епидемии од заразни болести;

· Ги намалува трошоците за лекување;

· Ги намалува трошоците за боледување;

· Поголема ефективност на родителите на работни места;

· Обезбедува здраво поколение.

Досегашни достигнувања:

Нашата држава со години наназад има успешен систем за имунизација во државата спроведуван од страна на службите за имунизација во Здравствените домови во државата.

Со години наназад е забележан висок опфат за имунизација со сите вакцини. Со успешната имунизација кај нас се постигнати многу позитивни резултати. Последниот случај на дифтерија е регистриран во 1976 година. Нема податоци за регистрирани случаи на постпородилен тетанус уште од 1993 година.

Последниот случај на полиомиелитис е регистриран во 1987 година. Во јуни 2002 година, Република Македонија заедно со останатите држави од европскиот регион доби сертификат како земја ослободена од полио (polio free country)

превземен текст од: Уредување на текст:
http://zdravstvo.gov.mk/imunizacija/ др.Стојан Николиќ

Архиви