Здравствен маркетинг
Во изминативе 6 месеци (периодот од 15.10.2020 до 15.03.2021), со помош на наши надворешни соработници, направивме анализа на 18 интернет страници од регионот Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Северна Македонија) кои редовно објавуваат теми од областа на здравството, вклучувајќи ги и специјализираните здравствени портали. Потоа, ги класифициравме сите објави според главната тема. Најмногу и најмалку читаните теми ги одредивме според вкупните појавувања во органски пребарувања, споделувањата на социјалните мрежи и други фактори за рангирање.
Идентификувавме нешто помалку од 1,400 посебни теми. Кумулативно, објавите на овие теми вкупно имаа генерирано преку 275,000 споделувања на социјалните мрежи во последните 6 месеци.
Поради неколку причини од анализата ги исклучивме сите теми поврзани со Covid-19, кои дефинитивно беа најпребарувани, најчитани и најсподелувани. Нашата последна анкета спроведена во периодот 15.10-15.11.2020 година покажа дека односот сигнал-шум (signal-to-noise ratio) кај објавите на тема пандемија е несоодветен за посериозна анализа. Резултатите од анкетата се достапни на следниов линк.
Првиот дел од анализата вклучува 9 интернет страници и здравствени портали кои се насочени кон крајните корисници. Тие опфаќаат 67.9% од анализираните содржини и 97% од споделувањата на социјалните мрежи.
Вториот дел од анализата вклучува 9 интернет страници и портали кои се насочени кон здравствените работници. Тие имаат помал удел во анализираните содржини и многу помалку споделувања на социјалните мрежи. Како и да е, одредени содржини на овие страници се подеднакво популарни, ако не и повеќе, во споредба со главните содржини насочени кон крајните корисници.
ПРВ ДЕЛ: ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПОРТАЛИ НАСОЧЕНИ КОН КРАЈНИТЕ КОРИСНИЦИ
АКТУЕЛНИ ТЕМИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 6 МЕСЕЦИ
НАЈЧИТАНИ ТЕМИ
Теми за кои има најмногу објавени содржини ширум дејноста
· Дијабет
· Грип
· Здравје
· Придобивки
· Рак на дојка
· Семејство
· Празници
· Рак
· Иднина
· Здравство
· Срце
· Деца
· Родители
· Симптоми
· Жени
· Алцхајмер
· Анксиозност
· Здравствена заштита
· Диета
· Срцев удар
· Срцеви болести
· Здравствено осигурување
· Лекови
НАЈМНОГУ ПРЕБАРУВАНИ ТЕМИ
Теми кои генерираат најмногу посетеност и ангажман (читање и споделување)
· Срцеви болести
· Диета
· Совети
· Рецепти
· Болка
· Мозок
· Симптоми
· Жени
· Стрес
· Мозочен удар
· Здравје
· Вистина
· Срцев удар
· Шеќер
· Деца
· Исхрана
· Срце
· Контрола на тежина
· Возрасни
· Сон и спиење
· Пушење
· Висок притисок
· Лекови
ЕФЕКТИВНОСТ НА ТЕМИТЕ
Ефективноста на темите кај содржините насочени кон крајните корисници е многу повисока во споредба со другите дејности (просекот вообичаено се движи околу 50%). Ова укажува дека повеќето интернет страници и здравствени портали насочени кон крајните корисници имаат разбирање за содржините кои нивната публика сака да ги чита и вложуваат време и труд да создадат (или преземат) соодветни содржини.
ТОП 5 ЕФЕКТИВНИ ТЕМИ
Теми кои моментално генерираат најмногу посетеност и ангажман (читање и споделување) од страна на крајните корисници
СРЦЕВИ БОЛЕСТИ
Најефективна тема во здравството се срцевите болести, кумулативно споделени речиси 8,000 пати на социјалните мрежи во последните 6 месеци. Иако ова е една од топ 5-те најефективни теми во здравството, само 56% од страниците насочени кон крајните корисници создаваат содржини кои предизвикуваат поголем ангажман (читање и споделување). Останатите страници или недоволно ја обработуваат темата или воопшто не ја обработуваат директно во нивните содржини.
ДИЕТА
Темата диета, која е 2-ра по ред најефективна тема, е кумулативно споделена речиси 7,000 пати на социјалните мрежи во последните 6 месеци. Исто како срцевите болести, темата е покриена од страна на само 56% од страниците насочени кон крајните корисници. 19.2% од објавите во врска со диета исто така директно дискутираат и за срцевите болести. Од друга страна, само 13.8 од содржините напишани за срцеви болести директно дискутираат за диети.
СОВЕТИ
Советите се кумулативно споделени преку 8,000 пати на социјалните мрежи во последните 6 месеци и воглавном се фокусираат на намалување телесна тежина и олеснување на болка. Најсподелуваните објави се однесуваа на куркума и родители во одминати години. Ова се примери за тоа дека разбирањето на трендовите, како што се здравствените придобивки од куркумата, или препознавањето на евергрин теми, како што се стари родители, може да се искористи за создавање одлична содржина која ќе биде прифатена од страна на публиката.
РЕЦЕПТИ
33% од страниците објавуваат некаков вид на рецепти, што е 4-тата најефективна тема во дејноста, со околу 6,500 кумулативни споделувања на социјалните мрежи во последните 6 месеци. Кој беше најпопуларниот рецепт? За подготвување прокељ.
БОЛКА
Болката всушност има повисока стапка за споделување на социјалните мрежи отколку останатите топ 4 теми, со преку 100 кумулативно споделувања по објава во последните 6 месеци, но содржините за болка не се појавуваат толку често при органски пребарувања. Вкупниот кумулативен број споделувања на социјалните мрежи во последните 6 месеци беше речиси 7,000. Интересно, најсподелуваната објава за болка исто така покриваше и т.н. противвоспалителна диета.
ПОТЕНЦИЈАЛНО ЕФЕКТИВНИ ТЕМИ
Теми кои имаат најголем успех, но во моментов не се доволно обработени во дејноста
· Откажување од пушење
· Контрола на шеќер
· Мозочен удар
· Рак
· Новороденчиња
· Симптоми
· Стрес
· Црн дроб
· Лекови
· Контрола на тежина
· Хронична болка
· Срцеви болести
· Сон и спиење
· Срцев удар
· Висок притисок
· Рак на јајници
· Вакцини
· Жени
· Болка
· Настинка
· Љубов
· Разговор
· Калории
ТОП 5 ПОТЕНЦИЈАЛНО ЕФЕКТИВНИ ТЕМИ
Теми кои во моментов не се доволно обработени од страна на страниците насочени кон крајните корисници кои претставуваат можност за нови здравствени содржини.
ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПУШЕЊЕ
Оваа тема предизвика над кумулативни 300 споделувања по објава во последните 6 месеци. Недоволно е обработено зошто треба да се откаже пушењето, како да се откаже, како и што се случува со телото во тек на време по откажувањето. Инфографиците се најуспешен начин за објави поврзани со откажување од пушење. Пик на објавите вообичаено се случува околу Нова Година. Исто така, пребарувањата на оваа тема постепено се намалуваат во последните 5 години.
ШЕЌЕР ВО КРВТА (ГЛИКЕМИЈА)
Темите за шеќер се споделуваа во просек од кумулативни 275 пати по објава во последните 6 месеци и се состоеја од рецепти, диети, превенција и контрола на дијабетот. Пребарувањата за шеќер постојано растат во последните 5 години.
МОЗОЧЕН УДАР
Мозочниот удар е недоволно обработена тема со просек од околу 270 кумулативни споделувања по објава во последните 6 месеци. Најуспешните објави беа во врска со препознавање на мозочниот удар. Останатите објави се однесуваа на поврат на загубени функции по ударот, за тоа како стресот на работното место ги изложува луѓето на поголем ризик од удар, но и исхраната која придонесува за удар.
РАК
Темата рак имаше многу малку објавена содржина, но на пример една објава имаше преку 1,300 споделувања. Она што ја издвојува ова објава е нејзината едноставност и непосредност. Се однесува на секојдневните предизвици на пациентите со рак и не се обидува да биде сложена дискусија за лекови, исхрана итн. Останатите објави имаа 20-тина споделувања и се фокусираа на подолг, поисполнет живот со рак и подобрување на квалитетот на животот за пациентите со рак.
НОВОРОДЕНЧИЊА
Страниците насочени кон крајните корисници имаа мал број објави за новороденчиња, но тие објави имаа во просек околу 200 споделувања на социјалните мрежи. Оваа тема е подобро покриена во други дејности, но има голем потенцијал во здравството. Вообичаениот тренд за објави на оваа тема последните 5 години има пик околу Нова Година.
ВТОР ДЕЛ: ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦИ И ПОРТАЛИ НАСОЧЕНИ КОН ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ
АКТУЕЛНИ ТЕМИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 6 МЕСЕЦИ
НАЈДОБРО ПОКРИЕНИ ТЕМИ
Теми за кои има најмногу објавени содржини ширум дејноста
· Здравство
· Пациенти
· Нега
· Здравје
· Луѓе
· Време
· Иднина
· Пациент
· Социјални медиуми
· Доктори
· Живот
· Рак
· Потрошувачи
· Жени
· Пристап
· Цена
· Иновација
· Деца
· Технологија
· Лекари
· Лекции
· Придобивки
· Надеж
НАЈМНОГУ ПРЕБАРУВАНИ ТЕМИ
Теми со најдобри перформанси во смисла на посетеност и ангажман (читање и споделување)
· Студија
· ЕУ
· Ментално здравје
· Аутизам
· Рак
· Нега
· Наука
· Жени
· Пристап
· Заедници
· Болници
· Епидемија
· Пациенти
· Модерно здравство
· Технологија
· Истражувачи
· Смрт
· Потрошувачи
· Третман
· Вакцини
· Цена
· Дијабет
· Деца
· Експерти
· Медицински грешки
ЕФЕКТИВНОСТ НА ТЕМИТЕ
Ефективноста на темите кај содржините насочени кон здравствени работници е многу повисока во споредба со другите дејности (просекот вообичаено се движи околу 50%). Ова укажува дека повеќето интернет страници и здравствени портали насочени кон здравствените работници имаат разбирање за содржините кои нивната публика сака да ги чита и вложуваат време и труд да создадат (или преземат) соодветни содржини.
ТОП 5 ЕФЕКТИВНИ ТЕМИ
Теми кои моментално генерираат најмногу посетеност и ангажман (читање и споделување) од страна на здравствените работници.
СТУДИЈА
Најефективната тема од содржините наменети за здравствени работници се студиите. Објавите за нови, па дури и постари студии во просек генерираат околу 65 кумулативни споделувања на социјалните мрежи во последните 6 месеци. Делови од содржината кои привлекуваат најголемо внимание не се самите студии, туку заклучоците и препораките кои произлегуваат од нив.
ЕУ
Обработката на специфични прашања поврзани со ЕУ привлекуваат големо внимание во дејноста.
МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ
Менталното здравје е сѐ почесто пребаруван термин во последните 5 години. Мал пик секоја година вообичаено се појавува во тек на месец октомври. Кај содржините наменети за здравствени работници, менталното здравје покрива практично сѐ, од стигмата да се зборува за менталното здравје до превенција на самоубиство.
АУТИЗАМ
Темата аутизам има пик во април, поради Светскиот Ден на Свесност за Аутизмот. Во дејноста, тоа е многу популарна тема, но за неа сепак нема доволно содржини наменети за здравствените работници. Најпопуларната објава на темата е поврзана со вакцините, дали се безбедни, ефикасни и дали предизвикуваат аутизам, која доби повеќе од 160 кумулативни споделувања на социјалните мрежи во последните 6 месеци. Просечните објави за аутизмот во дејноста имаат околу 30-тина кумулативни споделувања во последните 6 месеци.
РАК
Дејноста прикажува голем успех со содржини во врска со нови откритија и студии поврзани со ракот. Најуспешната објава за рак е во врска со клеточно таргетирање како метод за сопирање на ширењето со повеќе од 100 кумулативни споделувања на социјалните мрежи во последните 6 месеци. “Пациенти со рак” сепак не е доволно искористена тема кај содржините како за крајни корисници, така и за здравствени работници.
ПОТЕНЦИЈАЛНО ЕФЕКТИВНИ ТЕМИ
Теми кои имаат најголем успех, но во моментов не се доволно обработени во дејноста
· Медицински грешки
· Аутизам
· Депресија/анксиозност
· Зависности
· Пациенти со рак
· Вакцини
· Заедници
· Физичка активност
· Возраст
· ЕУ
· Бизнис
· Подобро здравје
· Ментално здравје
· Рак на јајници
· Болници
· Крвен притисок
· Премиер
· Дијабет
· Технологија
· Епидемија
· Диета
· Ургентна медицина
· Бихејвиорално здравје
· Медицински сестри
· Антибиотици
ТОП 5 ПОТЕНЦИЈАЛНО ЕФЕКТИВНИ ТЕМИ
Теми кои во моментов не се доволно обработени од страна на страниците насочени кон здравствените работници кои претставуваат можност за нови содржини
МЕДИЦИНСКИ ГРЕШКИ
Најнедоволно обработената тема во дејноста се медицинските грешки. Темата беше покриена на само 33% од страниците и тоа само еднаш по страница. Но, секоја од овие објави имааше во просек по 50-тина кумулативни споделувања на социјалните мрежи во последните 6 месеци. Фокусот на најголем број од објавите е како да се спречат медицински грешки.
АУТИЗАМ
Иако истовремено е една од најефективните теми во дејноста, таа исто така не е доволно обработена. Со просек од околу 30-тина кумулативни споделувања на социјалните мрежи по објава во последните 6 месеци, содржините за аутизам се барани, особено од страна на здравствените работници. Задоволувањето на оваа побарувачка со наоди од студии и истражувања може да го зголеми ангажманот за страниците и порталите чија содржина е насочена кон здравствените работници.
ДЕПРЕСИЈА/АНКСИОЗНОСТ
Содржините за нови истражувања во врска со третман на депресија и анксиозност во моментов не се доволни за здравствените работници. Најефективните објави содржеа технологии за третман на депресија и анксиозност, како и халуциногени од “магични” печурки за ублажување на депресија и анксиозност кај лица кои живеат со терминален рак. Во просек, секоја објава на оваа тема поттикна кумулативни 30-тина споделувања на социјалните мрежи во последните 6 месеци.
ЗАВИСНОСТИ
Општата тема за зависности не е доволно обработена. Објавите за зависност вклучуваа поддршка за лица кои се лекуваат од зависности, користење на виртуелна реалност за борба против зависностите и обработка на зависностите за време на празници. Темата зависности поттикна просечно по 30-тина кумулативни споделувања на социјалните мрежи во последните 6 месеци.
ПАЦИЕНТИ СО РАК
Исто како и содржините наменети за крајните корисници, содржините наменети за здравствени работници недоволно ги обработуваат пациентите со рак, без оглед што публиката е различна. Содржините наменети за двете публики се сосем различни. Здравствените работници бараат истражувања и информации во врска со третмани на пациенти со рак, додека крајните корисници бараат содржини во врска со секојдневните предизвици на пациенти со рак. Најпопуларните објави за здравствени работници беа дека резултатите од течна биопсија значително се разликуваат меѓу две лаборатории како и онаа дека палијативната нега може да го подобри квалитетот на животот и стапката на преживување кај пациенти со рак.
СЛЕДНИ ЧЕКОРИ
Ако сакате да дознаете како содржината на вашата страница или портал се котира во споредба со конкуренцијата, како и тоа кои теми се најважни за вашата публика, Модерм може да помогне.
Може да ве посоветуваме:
· Како вашата страница или портал се позиционирани во споредба со конкуренцијата.
· Каде и какви пропусти имате во содржината и позиционирањето во споредба со конкуренцијата.
· Каде и какви се вашите можности за содржина и позиционирање.
· Кои теми ја ангажираат публиката да чита и споделува
· Која содржина може да поттикне продажба на производ или услуга.
· Кои теми му значат на вашиот аудиториум.
· На што да се фокусирате при следниот чекор напред.
Пополнете го формуларот БАРАЊЕ ПОНУДА на следниов линк, бирајќи ги нашите до сега најбарани услуги од областа на дигитален маркетинг специјализиран за медицина, стоматологија, биохемија, фармација или ветерина и сами составете си пакет кој најмногу би одговарал на Вашите потреби.