Зошто здравствен маркетинг?

Здравствениот маркетинг е составен дел на одржливиот развој во оваа услужна дејност. Без маркетинг нема да има прилив на нови пациенти, а дури и лојалните пациенти постепено ќе си заминат, еден по еден.

Здравствената дејност брзо се прилагодува. Она што порано беше квантитативно насочено кон лекарот, сега е квалитативно насочено кон пациентот. Веројатноста е голема дека во која и да било средина постојат многу ординации со исти или релативно слични услуги. Маркетингот им укажува на потенцијалните пациенти не само дека Вашиот кабинет е различен од конкуренцијата, туку дека воопшто е многу подобар избор.

Како функционира здравствениот маркетинг?

Денес постои преголем избор на здравствени услуги за пациентот да се чувствува заробен со кој и да било лекар, ординација, поликлиника или болница. Маркетингот на Вашата здравствена установа и услугите кои ги нуди отвора директна линија за комуникација со Вашите пациенти така што гради доверба и буди интерес. Здравствениот маркетинг Ви овозможува да ја подобрите врската со пациентите и да изградите меѓусебни односи со цел за стекнување долгорочни, лојални пациенти. Успешниот здравствен маркетинг води кон успешен ангажман на пациентот, а придобивките од тоа ќе ги почувствуваат и пациентот и здравствената институција.

Статистики на здравствениот маркетинг:

  • 88% од оние кои бараат информација за здравјето започнуваат од интернет пребарувачи;
  • 48% од пациентите истражуваат на интернет повеќе од 2 недели пред да закажат преглед;
  • 57% од луѓето над 45 години редовно читаат содржини од областа на здравјето и благосостојбата.

Потенцијалните пациенти најмногу внимаваат на овие работи при пребарувањето на здравствени институции или лекари:

  • 94% углед на установата;
  • 90% опциите за дополнително приватно
    здравствено осигурување;
  • 86% препораки од други лекари;
  • 85% користење на најнова технологија;
  • 51% препораки од пријатели и роднини.

Кога пациентот ќе наиде на платена здравствена реклама:

  • 26% пребарува за повеќе информации;
  • 38% започнува да истражува подетално;
  • 39% ја посетува веб страницата на институцијата која се рекламира;
  • 36% размислува за третман во рекламираната установа.
Архиви