За нас

Модерм е агенција специјализирана за медицински и фармацевтски маркетинг.
Ние сме неочекуван спој на младост, образование и искуство, а она што нѐ поврзува се безусловната љубов за она што го работиме и неодоливиот ентузијазам со кој пристапуваме на работата.
Самото формирање на нашата агенција како и нејзините големи успеси беа позитивно (но очекувано) изненадување за нас, со оглед на тоа дека ја основавме во време на пандемија и светска криза. Всушност, МОДЕРМ се “роди” 30тина минути пред почеток на полициски час на 11ти Март, 2020та година. Тогаш имавме еден клиент, еден вработен и желба за работа. Сепак, поради силната верба во нашата идеја, нашето искуство, знаење, вредности како и спој на карактери, нескромно и самоуверено очекувавме дека МОДЕРМ ќе заблеска. Прашањето не беше “Дали?”, туку “Кога?”
Една година подоцна, сеуште се справуваме со полицискиот час, но сега МОДЕРМ брои 16 клиенти, 5мина вработени, 8 фокус брендови и уште поголем ентузијазам.
Оставаме нашата работа да зборува за нас, но доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот тим и зошто велиме дека сме специјализирани во медицинскиот и фармацевтскиот маркетинг, прочитајте повеќе подолу за сето тоа што нашиот тим го нуди, секој со својата струка, искуство и позитивна енергија.

1. Наша Специјалност

Модерм е агенција специјализирана за здравствен (медицински и фармацевтски) маркетинг, единствена од тој вид во државата.

2. Наша Мисија

Нашата мисија е да Ви помогнеме да го развиете целосниот потенцијал на Вашиот бренд, производ или услуга.

3. Наша Визија

Имаме визија за сеопфатна професионализација на фармацевтскиот и медицински маркетинг во државата и Балканскиот Полустров.

0 Вработени

0 Клиенти

0 Фокус Брендови

0 Креативи

Ако до сега веќе не слушнавте за Модерм, распрашајте се меѓу:

✅ Аптеките;
✅ Поликлиниките, Дерматолозите, Стоматолозите;
✅ Веледрогериите;
✅ Фармацевтските компании;
✅ Професионалните здруженија.
ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА

НИЕ СМЕ МОДЕРМ

Неочекуван спој на младост, образование и искуство, а она што нѐ поврзува се:
безусловната љубов за она што го работиме и
неодоливиот ентузијазам со кој пристапуваме на работатa.

Контактирајте нѐ
Влатко Николовски
Маркетинг Специјалист

По струка е економист кој специјализира традиционален и дигитален маркетинг, со повеќе од 10 години искуство во графички дизајн, аудио и видео продукција. Има работено во најразлични компании: инвестициски фондови, градежна индустрија, софтверски компании и секако фармацевтската индустрија.

Стојан Николиќ
Консултант за бизнис развој

Дипломиран доктор на медицина со повеќе од 15 години работно искуство во фармацевтската индустрија, на домашни и странски пазари, со неколку раководни позиции зад себе, како и позиции одговорни за продажба, маркетинг и развој на бизнис.

Долорес Рајхел
Маркетинг Специјалист

Поседува Австралиска универзитетска бизнис диплома, со двојна специјализација за маркетинг и евент менаџмент. Има повеќе од 8 години работно искуство, вклучувајќи и лидерски позиции во маркетинг и менаџмент секторот, како и организирање на јавни настани и концерти.

НИЕ СМЕ МОДЕРМ

Неочекуван спој на младост, образование и искуство, а она што нѐ поврзува се:
безусловната љубов за она што го работиме и
неодоливиот ентузијазам со кој пристапуваме на работатa.

Контактирајте нѐ
Андреј Стамевски
Графички Дизајнер

Дипломиран уметник и магистер по графички дизајн, со работно искуство во неколку големи компании, а кој зад себе има и академско искуство како демонстратор и асистент на приватен универзитет.

manolevi
medical-pharm
liposukciska-logo
ge
starbalm