6 работи на кои треба да внимавате при промовирање на бренд/услуга

Како што можеме да забележиме (барем тие кои работат маркетинг), секоја година различни трендови се во фокусот, почнувајќи од дигитална трансформација, па инфлуенсерски маркетинг кој го достигна својот врв уште во 2021, потоа social-selling, итн.

Но пред да стигнете до моментот на трендови, има некои важни работи на кои треба да им обрнете внимание доколку сакате успешен маркетинг план и пласирање на пазарот.
Како што можеме да забележиме (барем тие кои работат маркетинг), секоја година различни трендови се во фокусот, почнувајќи од дигитална трансформација, па инфлуенсерски маркетинг кој го достигна својот врв уште во 2021, потоа social-selling, итн.

Но пред да стигнете до моментот на трендови, има некои важни работи на кои треба да им обрнете внимание доколку сакате успешен маркетинг план и пласирање на пазарот.

На пример, факт е дека по launch-от на популарната апликација ТикТок, кратките видеа и reels-от буквално ги завртеа умовите на сите корисници. Следно, популарната социјална мрежа Instagram воведе опција Reels и го стави фокусот на видеата уште еднаш. Луѓето започнаа да ја откриваат својата креативност и се обидуваа на секаков можен начин да бидат поиновативни и креативни од останатите (конкуренција). Затоа во 2023, заслужено, на врвот сe short-form videos како најпопуларен маркетинг тренд.

1) Short form video или кратко видео, во денешницава, буквално вреди злато. Дали знаете дека еден корисник, во текот на една недела, гледа видеа што вкупно се во времетраење од 19 часа? Корисниците не престануваат да гледаат и да споделуваат видеа. Трите најпопуларни апликации за гледање и споделување кратки видеа се: TikTok, Instagram и YouTube, кој неодамна воведе YouTube Shorts.
Користењето видеа како маркетинг алатка е одлично за Вашиот бренд, бидејќи корисниците обожаваат видеа кои се кратки и во кои јасно се пренесува Вашата порака, без разлика дали станува збор за промоција на продукт, дискусија, споделување совети и слично. Времетраењто на едно видео треба да варира од 3 до 10 минути. Иако не е погрешно да се креираат видеа со времетраење од 10 минути, еден просечен Instagram swiper не може да биде толку време сконцентриран, и затоа е препорачано да се снимаат по кратки видеа или да се подели видеото на неколку делчиња.

Но, кога на маркетинг трендот ќе му чукне судниот час и некој друг ќе му го заземе местото, има работи на кои треба да внимавате за да опстанете во борба против конкуренцијата. А тоа се:
 
2) Дизајни со одличен квалитет или на Македонски јазик кажано “една слика – 1000 зборови”. Кога читаме некое списание, секогаш можеме да забележиме дека сликите со кои се промовираат продуктите на одредени брендови секогаш изгледаат чисто, уредно и професионално, така? Тој е тој стандард што треба да го имате на ум кога се објавува фотографија, без разлика дали станува збор за website, post, story и слично.
Кога гледаме на овие две фотографии, има разлика, зарем не?

3) Human-focused content, или содржина во која брендот директно му се обраќа на корисникот/клиентот. Неспорен е фактот дека објавата, видеото или блогот треба да имаат одредена доза на професионализам и почит, но за да конвертирате посетител во Ваш постојан клиент, тој мора да се чувствува дека не постојат бариери помеѓу него и брендот. Односно, клиентите сакаат да ја почувствуваат емоцијата и поврзаноста со тој бренд за да купат одреден продукт. Дали знаете дека дури 95% од купувачите/корисниците се лојални на брендови кои се отворени и транспарентни за продуктите кои ги нудат? Однесувајте се со клиентите како да се луѓе, а не бројки во месечен извештај за остварена продажба.

4) Квалитетно истражување на пазарот – детално истражување на пазарот е есенцијално при промовирање на нов или веќе постоечки бренд. Обрнете внимание на потребите на луѓето и кои се моменталните опции понудени на пазарот.
Истражете ја добро Вашата конкуренција, но не ја копирајте! Направете маркетинг кампања која ќе ве издвојува од конкуренцијата и ќе ве пласира на прво место во таа индустрија. Според услугите или брендот, прецизирајте ја вашата идеална клиентела и фокусирајте се на нив.


5) Присуствувајте на настани во индустријата – еден од најуспешните начини за да стекнете нови клиенти е да присуствувате на настан кој се фокусира на индустријата во која работите. Македонија, каква-таква, е земја во која се цени физичко присуство, добра комуникација, телефонски повик и презентации. Направете истражување на настани кои доаѓаат со цел најдобро да го промовирате Вашиот бренд и инвестирајте во промотивни материјали кои посетителите би можеле да ги понесат со себе и да се потсетат.

6) Најважната работа на која треба да се фокусирате е.. тајна! Сепак, магионичарот никогаш не ги открива како го прави трикот. 😊
Но, доколку сакате целосна маркетинг кампања со добро-осмислен и сеопфатен план, контактирајте не и нашиот тим од маркетинг специјалисти, кои неуморно работат за да им помогнат на малите брендови да станат големи имиња, ќе ви стои на располагање.

Или, доколку не сте толку вешти со зборови, пратете ни е-маил на info@moderm.mk и ќе се потрудиме Вашите потреби да бидат испочитувани и одговорени.

Категории
Архиви