Факти за здравствен маркетинг
Кога станува збор за деликатна тема како медицински и фармацевтски маркетинг, кој што е диригиран од бројни законски регулативи и лимитирање на можностите за промовирање, експертизата на тимот мора да се земе во предвид.
Доколку нешто научивме во изминатиот период, со почетокот на Ковид-19 пандемијата, е дека присуството на социјалните мрежи на медицинските лица, фармацевтските компании, аптеките и ординациите е неопходно. Дигитализацијата на медицинскиот и фармацевтскиот сектор е нешто кон кое целиот свет се насочи, поради ограничувањата поставени за заштита на јавното здравје.
МОДЕРМ е македонска компанија, основана во почетокот на март, 2020та година, пред да настапи интензивно Ковид-19 пандемијата на нашите простори, што докажува дека визијата за дигитализација на медицинскиот и фармацевтскиот маркетинг е замисла кон која оправдано целевме. Ние сме една од ретките компании во нашата држава која е специјализирана за медицински и фармацевтски маркетинг и која што всушност има медицински кадар во тимот.
Нашето знаење и искуство, нуди услуга која што секогаш ќе биде согласна со сите законски регулативи, дава гаранција за информации кои што се секогаш точни и проверени, а притоа овозможува за промовирањето на услугите, производите и сите останати информации, да ги достигнат целните групи соодветно.
Доколку сеуште се прашувате зошто Ви е потребна маркетинг агенција доколку сте во медицинската или фармацевтската индустрија, погледнете ги известувањата од официјални истражувања подолу:
Социјалните мрежи се дефинитивно едни од најкорисните алатки за развивање на вашиот бизнис. Според последните статистики, социјалните мрежи денес, бројат над 3.8 билиони корисници ширум светот, па така логично е дека секоја маркетинг стратегија треба да се адаптира соодветно.
Според статистиките, дури 54% од купувачите користат социјални мрежи за истражување на производи пред истите да ги купат.
Ова вклучува посета на нивните страни на социјалните мрежи, споредувајќи коментари од други купувачи или корисници, како и споредувајќи ја услугата/ производот со конкуренцијата.
Поради социјалните мрежи, се е транспарентно и лесно достапно, па поради тоа важно е да вашето присуство на социјалните мрежи дава точна слика за вашиот бизнис.
Благодарение на интернетот и неговата достапност денес, сите имаат можност да научат нешто повеќе на било која тема.
Достапноста на секоја информација во само неколку секунди е огромна предност на денешницата.
Па така, повеќе од 66% од интернет корисниците, истражуваат конкретен медицински проблем онлајн. Ова значи дека за разлика од минатото, луѓето сега можат да научат повеќе на одредена тема или болест, едуцирајќи се за симптомите, третманите, искуствата. Сепак, интернетот не секогаш е релевантен извор на медицински информации, па затоа луѓето бараат валидно, медицинско мислење откако ќе се информираат и самите повеќе околу одредена тема.
Ова е статистика што секоја приватна ординација или аптека треба да ја знае и да ја искористи, со споделување на ПР текстови или онлајн совети од медицински лица на одредени теми. Тежината на медицинскиот збор, особено доколку е лесно достапен за широката јавност, може да резултира во поголем број на пациенти или купувачи.
Пандемијата од Ковид-19 сите не научи на еден поинаков вид на комуникација во секој аспект. Од почетокот на Ковид-19, фармацевтскиот сектор на глобално ниво забележал 35% раст во посетата на фармацевтски специјализирани веб-страни.
Овој податок е показател на тоа дека луѓето се заинтересирани за достапноста на лекови и додатоци во исхрана, особено во моменти кога светот се бори со непознат вирус.
Оние фармацевтски компании или аптеки кои што покажаа зголемено присуство на социјалните мрежи и на нивните веб-страни, ја зајакнуваат сликата за нивниот бизнис во очите на купувачите или корисниците на услуги.
Овој податок е за сите оние приватни ординации кои што веќе имаат голем број на пациенти, па сметаат дека токму поради тоа маркетинг не им е потребен!
Статистиката покажува дека пациентите кога се информираат за една ординација, доволни им се од 1 до најмногу 6 интернет рецензии од корисник (reviews) за да оформат мислење за самата ординација.
Ова значи дека благодарение на интернетот, најкорисниот метод за маркетинг- препорака, е сега лесно достапен за сите. Секој ваш пациент, клиент или пак купувач, може многу лесно јавно да го сподели сопственото искуство и потенцијално тоа да значи зајакнување на сликата за вашиот бизнис или пак потенцијални пациенти/ купувачи. Затоа е многу важно да имате платформа на која што пациентите кои што се задоволни со вашата услуга во ординацијата или аптеката, ќе можат тоа јавно да го споделат со сите.
Здобивање со задоволен клиент/купувач/ пациент е исто како да сте добиле доживотна бесплатна реклама, со моќта на препорака.
Слично како и горенаведените статистики, докажано е дека корисниците го користат интернетот максимално за нивна полза, па така дури 95% од пациентите ја истражуваат ординацијата онлајн пред да закажат термин.
Ординациите што имаат веб страни или социјални мрежи,можат да ги споделат нивните понуди и услуги со потенцијалните пациенти, како и да понудат повеќе информации со цел да го привлечат потенцијалниот пациент. Секако, од голема важност е да се споделени важните информации и тоа се да изгледа естетски привлечно.
Новата ера на маркетингот веќе трае неколку години. Инфлуенсери- односно влијателни лица во нивната околина, со голем број на следбеници на социјалните мрежи, директно или индиректно помагаат кон зголемување на клиенти и раст на бизнисот. Поради нивниот статус на влијателни лица во општеството и платформата која ја имаат со голем број на следбеници, нивниот глас е широко прочуен и делува како одлична реклама.
Во 2018та година, на социјалните мрежи имало 3.7 милиони објави спонзорирани од брендови и објавени од инфлуенсери! Соработката со инфлуенсери, може значително да влијае врз вашиот бизнис.
Видео рекламите секогаш биле ефективни, а тоа е очигледно по ТВ рекламите. Видео рекламите се потврдени како еден од поефективните методи за рекламирање, поради нивната интерактивност и моќ за привлекување на внимание.
Но, за среќа на бизнисите, сега постои и поекономичен начин за достигнување на целните групи преку видео реклама, а тоа е со помош на социјалните мрежи.
Со огромна бројка на корисници на социјални мрежи, добро сработена видео реклама има моќ да привлече нови клиенти.
Всушност, според статистиките, дури 93% од брендовите кои што објавиле видео реклама на социјалните мрежи добиле нов клиент, токму поради рекламата. Не штедете на добра реклама!
За тоа колку се ефективни социјалните мрежи, говори фактот што 67% од корисниците на смартфони, во 2019, оствариле контакт со бизнис, преку нивната социјална мрежа- користејќи опција како “click to call”.
Само едно копче ги дели вашите пациенти од вас, овозможете им лесен пристап до вас преку социјалните мрежи. Едноставна комуникација и брзо добивање на информации се разликата помеѓу здобивање со купувач или губење на клиент.
Медицинските лица според нас, секогаш биле херои и нивното знаење и пожртвуваност е за огромна почит.
За разлика од минатото, денес пациентите можат бесплатно да дознаат за експертизата на медицинските професионалци- преку социјалните мрежи и интернетот. Всушност, повеќе од 47% од интернет корисниците онлајн истражуваат информации за доктори или здравствени професионалци.
Ова им овозможува на медицинските лица да ги споделат нивните искуства, успеси и совети директно со целните групи.
ПР текстови и блог објави се покажани како одличен начин на само-промоција, за индивидуалци и за бизниси, па така, објава со релевантна и точна содржина ги прави вашите клиенти/купувачи/пациенти да оформат релација со вас или вашиот бизнис и да бидат лојални потрошувачи.
Маркетингот е наука која што опфаќа различни делови од психологијата, економијата и општествените науки. Позади секоја реклама, објава или дигитална креатива, стои процес кој што вклучува анализирање и земање во предвид на сите аспекти- од боите кои што ќе се користат, до зборот што ќе е напишан, времето кога тоа ќе е објавено, се со цел за да го привлече вниманието на потенцијалниот купувач или пациент.
Според дополнителни статистики, докажано е дека вниманието што секој интернет корисник го посветува на секоја една објава на социјалните мрежи е прекратко- само 2.5 секунди за секоја објава. Тоа значи дека во тие 2.5 секунди како вистински маркетинг професионалец, треба да го привлечете вниманието на корисникот а тоа може да се изведе само доколку имате одлично познавање на психологијата на купувачот, имате точно зацртана слика за вашиот потенцијален купувач и имате искуство во маркетингот.
Затоа, обратете се кај специјализирана маркетинг агенција како МОДЕРМ, која што точно знае како да ги достигне посакуваните резултати и да го издигне вашиот бизнис над конкуренцијата.