Тимот на Модерм

“It is only by loving a thing
that you can make it yours

George MacDonald

ШТО Е ,МОДЕРМ?

Агенција специјализирана за медицински и фармацевтски маркетинг.


КОЈ Е ,ВЛАТКО НИКОЛОВСКИ?

Влатко Николовски по струка е економист кој специјализира традиционален и дигитален маркетинг, со долгогодишно искуство во графички дизајн, аудио и видео продукција. Има работено во најразлични компании: инвестициски фондови, градежна индустрија, софтверски компании и секако фармацевтската индустрија.


КОЈ Е ,СТОЈАН НИКОЛИЌ?

Стојан Николиќ е дипломиран доктор на медицина со повеќе од 15 години работно искуство во фармацевтската индустрија, на домашни и странски пазари, со неколку раководни позиции зад себе, како и позиции одговорни за продажба, маркетинг и развој на бизнис.


КОЈА Е ДОЛОРЕС РАЈХЕЛ?

Долорес Рајхел поседува Австралиска универзитетска бизнис диплома, со двојна специјализација за маркетинг и евент менаџмент. Има повеќе од 8 години работно искуство, вклучувајќи и лидерски позиции во маркетинг и менаџмент секторот, како и организирање на јавни настани и концерти.


НИЕ СМЕ МОДЕРМ

Неочекуван спој на младост, образование и искуство, а она што нѐ поврзува се:

  • безусловната љубов за она што го работиме и
  • неодоливиот ентузијазам со кој пристапуваме на работата

https://youtu.be/C_CanVSkO9U

Ние сме поттикнувачи на промена, креатори на маркетинг стратегии, ние сме тренд сетери. Внимателно слушаме и потоа гласно демонстрираме. Поддршка за Вашиот стартап бизнис или силен поттик за бизнисот кој расте. Нудиме иновативен и професионален маркетинг. Доволно сме едуцирани, но не престануваме да учиме. Нашите клиенти не секогаш се во право, но нивните потреби се секогаш задоволени. Си ја сакаме работата и Вашиот бизнис го доживуваме како да е наш. Поради тоа, го даваме нашиот максимум. Ние не се надеваме на резултати, ние ги постигнуваме. Ние сме Модерм.

Архиви