Уредување на дигитален излог
Нема повеќе “business as usual“.
Економската неизвесност предизвикана од пандемијата ги натера дури и најскептичните да разгледаат алтернативни начини како да се одржат и да растат.
Меѓу другото, тоа значи и донесување стратешки одлуки кои ќе не направат посилни откако овој предизвик ќе заврши. Дали ќе чекаме, дали ќе го намалиме обемот на работата или ќе штедиме на маркетинг, одлуката е наша. Но, може да заземеме и спротивен пристап, да се издвоиме од конкуренцијата и да му покажеме на светот дека сме и постојано ќе бидеме отворени за работа.
Неоспорно е дека мора да се продолжи напред, но – внимателно. Треба да се увидат и отстранат непотребните трошоци, да се направи outsource на она за кое не сме експерти и да продолжи да се инвестира.
3 начини како да ги оптимизирате Вашите маркетинг трошоци:
1. Преку употреба на дигитална технологија и автоматизација за директен контакт со корисниците на Вашите производи или услуги;
2. Со избирање на агенција која веќе ја има потребната експертиза и која не треба дополнително да се обучува, а која може брзо и лесно да ја преземе зададената улога;
3. Олеснување на товарот што го носат Вашите вработени така што ќе обезбедите надворешен партнер кој ја има потребната флексибилност потребна за вашиот раст.
Најпосле, сега повеќе од кога и да било имаме дури и општествена одговорност да понудиме јасен, едноставен и разбирлив професионален совет и препорака.
Во време кога посетеноста на социјалните мрежи е поголема од кога и да било до сега, дозволете да Ви помогнеме и заедно да го уредиме Вашиот дигитален излог.
mail:
web:
Facebook:
Linkedin: linkedin.com/company/modermmarketing