Лого – потпис на бизнисот
Не е новост дека логото на еден бизнис или производ е еден од најважните елементи во презентирање на целовкупната слика и приказна зад истиот.
Градење на brand image – односно на посакуваната слика за брендот е процес кој што може да биде долг, а логото претставува голем дел во претставувањето на истата.
Логото кое што е претпознатливо меѓу потрошувачите е најчесто резултат на правилен маркетинг, градење на бренд, одличен графички дизајн и премногу позадински анализи и истражувања.
Секоја боја, елемент, форма остава различен впечаток а задача на графичкиот дизајнер е по информациите пренесени од маркетинг специјалистите во врска со целната група на производот, да дизајнира лого кое што највеќе би го заинтересирало “идеалниот потрошувач или клиент”. Дизајнот на едно лого е целосен процес чии што резултати треба да се погодени од прв пат.
Еве неколку причини зошто е важно логото да биде дизајнирано од искусен графички дизајнер, основано на горенаведените анализи.
ПРИВЛЕКУВА ВНИМАНИЕ
Не е тајна дека во денешно време, опсегот на внимание на луѓето е намален поради брзиот начин на живот, премногу информации и начинот на кој што истите се достапни и многу други причини. Според различни истражувања, во просек потребни се 2 секунди за да потенцијалните купувачи бидат убедени дека тој конкретен производ треба воопшто да се земе во предвид. Па така, тој кус опсег на внимание може да се искористи во ваша полза доколку логото успева да ги пренесе најважните информации и да ја претстави посакуваната слика за вашиот производ или бизнис во тие 2 секунди.
ОСТАВА ПРВ ВПЕЧАТОК
Имате само една шанса за прв впечаток и најчесто во денешно време тоа е преку логото и тоа што споделувате на социјалните мрежи. Логото е првичното претставување пред потенцијалните купувачи/клиенти и доколку првиот впечаток е позитивен базиран на логото, го разигурува интересот за самиот производ.

ВЕ ДВОИ ОД КОНКУРЕНЦИЈАТА
Логото може да е пресудно врз одлуката на клиентите за тоа дали ќе го купат вашиот или производот на конкуренцијата. Доколку логото не е дизајнирано на начин кој што е привлечен за окото на купувачот, големи се шансите дека купувачот првично ќе ја одбере конкуренцијата, без разлика на квалитетот. Добро дизајнирано лого може да прати порака за се во врска со брендот- мисија, визија, цел, услуга исл.
ПОТТИКНУВА ЛОЈАЛНОСТ
Како што расте вашиот бизнис, така вашето лого станува повеќе препознатливо, па кога вашите клиенти ќе го видат вашето лого помеѓу конкурентните производи, веднаш имаат перцепција дека брендот е лесно достапен и гради доверба кај купувачите. Кога веќе еднаш ќе изградите доверба и клиентите го запомнат логото, тие сами го бараат во морето од производи/брендови/услуги.
Логото е потпис на брендот. Не го оставајте во било чии раце, зависно од искуството, може да значи пропаст или успех за вашиот бизнис.