Интервју Јасмина Калчовска

Особено сме почестени што и покрај нејзините набиени агенди и турбо распоред,

М-р Јасмина Калчовска- сопственик на

ГИНЕКАЛИКС, одвои слободно време

да одговори на нашите прашања, како дел од кампањата #ИнспирацијаНаДенот. Уште една успешна жена, претприемач, сопруга, мајка, чија што неуморност и трудољубивост е вистинска мотивација. За сите оние девојки и жени кои што се двоумат дали се’ се постигнува, М-р Јасмина докажува дека со силна желба, поддршка и љубов кон тоа што го работите, се’ е возможно.


1. Како ја добивте идејата, односно концептот за Гинекаликс и како знаевте дека е вистинската?

О: После подолготрајна и упорна работа на претходните работни позиции, желбата да научиш и напредуваш, започнуваш да си ги препознаваш личните квалитети, можностите, амбициите, самиот себеси и во одреден момент сфаќаш дека можеби и можеш сам да запловиш во претприемачките води при тоа воден о

д мотото – “Да пробам зашто верувам во себе и во квалитетот на она што можам да

понудам”

И така одреден производ, којшто сега стана бренд кај нас, не поттикна да ја креираме приказната ГИНЕКАЛИКС, пред се’ затоа што силно и вистински верувавме во квалитетот.

Макотрпна работа, успони и падови не чекаа на патот. Но, јаката воља, пргавоста и пркосот кон стереотипите не внурнуваше и буткаше кон она кон кое се стремевме и сеуште се стремиме да бидеме и постигнеме.

2. Што е уникатно во Вашиот бизнис, Која е Вашата компетитивна предност и зошто не може да биде копирана?

О: Пристапот кон работата, решавањето на секојдневните проблеми ,оригин

алните идеи, професионалноста и тимскиот дух е уникатноста во нашата приказна

Енергијата внесена во иновативноста и постојаниот “Keep up to date” со новитети, да се биде постојан на пазарот но не досаден, и најбитна е желбата и поривот за знаење и умеење, понудениот квалитет, сето тоа е нашата ѕвезда водилка.

3. Како го планирате растот и развојот на Вашиот бизнис?

О: Секогаш постојани и перзистентни со метод “чекор по чекор” и планирани ризици, креативна идеја инспирирана од предизвици, како и верба и истражување на пазарот се основите на нашите планови.

4. Каков е Вашиот пристап до маркетингот и како го рекламирате бизнисот?

О: Како што знаеме Маркетингот особено дигиталниот маркетинг е начин на рекламирање без која не може да се замисли бизнисот во денешницата. Постојаната застапеност како и достапност на клиентите е најбитната алка во бизнисот.

Социјалните мрежи, веб порталите, медиумите, и сите дигитални алатки (ги има многу) се трудиме да ги опфатиме и прошириме заедно со нашиот маркетинг-консултантски тим до врвна професионалност и функционалност.

Едноставно секој поединец кој ќе посака да знае Зошто Гинекаликс? – да му се овозможи одговор на барањето.

5. На што се должи Вашиот и успехот на Гинекаликс?

О: Посветеност, труд, работа и работа, трпение, разбирање и искреност, поддршка и храброст – се клуч за успех.

Јас би се согласила дека има многу жени на кои им недостасува храброст за да ги реализираат своите идеи.

Но, покрај храброста, кај нас недостасува и поддршката од државата и банките, мислам на финансиската поддршка.

6. Кои особини ги барате кај кандидатите за вработување и како го составивте Вашиот тим?

О: Работливост, трудољубивост, почит кон тимот, посветеност, лојалност а се останато си доаѓа само по себе.

7. Ако треба да издвоите само еден совет за оние кои штотуку почнуваат, тоа би бил…?

О: Работливост и посветеност!

8. Како успешна жена претприемач како Вас, успева да направи баланс помеѓу работата и приватниот живот?

О: Семејството ми е најголемата поддршка и постојано ме мотивира да продолжам со заложбите, кои и тие, како и јас ги сметаат за своевидна борба за подобрување на условите во кои сите работиме и живееме. Сопругот, децата со безрезервна поддршка го овозможуваат тој баланс меѓу приватното и професионалното и уште поважно придонесуваат во надминување на сите предизвици и постигнување успеси. Во време кога нашата економијата се соочува со бројни предизвици, таа поддршка која ја добивам ми овозможува да можам да се посветам на решенија и мерки кои се значајни за сите нас во приватниот сектор. Значајна поддршка во застапувањето на приоритетните прашања секако добивам и од тимот со кој работам .

https://ginekaliks.mk/

https://ginekaliks.mk/brands/nova-test/

https://www.instagram.com/novatest.mk/

Категории
Архиви